Дома Трансфер зона Потврди самиот играч, „волчицата“ заврши одлична работа: Се селам во Рома!

Потврди самиот играч, „волчицата“ заврши одлична работа: Се селам во Рома!

Екипата на Рома доби големо засилување во офанзивнито дел од тимот.

Нов член на „Волчицата“ стана 24-годишниот бразилски фудбалер, Андерсон Талиска кој денеска потврди дека ќе се префрли во редовите на римскиот тим.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Кариреата ја продолжувам во Рома. Ги договорив сите услови со Рома. Во Бешикташ поминав две прекрасни години, но дојде време за разделба“, изјави Талиска.

Овој одличен фудбалер претходните две сезони ги помина на позајмица од Бенфика во редовите на турскиот гигант, каде што играше одлично и без соменние беше еден од најдобрите фудбалери во Турција.

Постигна вкупно 37 гола во 78 натпревари за Бешикташ, специјалист е за слободни удари, а предност му е тоа што може да игра на повеќе позиции, но најкористен е на местото офанзивен играч за врска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…