Изминуваат два дена од големиот подвиг на 12 годишното охриѓанче кое се реши да го преплива Охридското езеро и успеа.
Како и што заслужува Марко ќе добие финансиска помош од Агенцијата за млади и спорт.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ова го најави директорот на АМС, Дарко Каевски кој преку Фејсбук објави дека малиот херој ќе добие парична награда од 100.000 денари. Покрај сумата тој ќе добие и стипендија за млади таленти од федерацијата.
„По повод херојскиот подвиг на младиот Марко Пејчиновски кој успеа да го преплива Охридското езеро, денес поднесов иницијатива која беше усвоена при советот на Агенцијата за млади и спорт (АМС), за еднократна парична награда од 100 илјади денари за македонската пливачка надеж, а воедно, АМС ќе му додели и стипендија за млади таленти ,,Спортска Надеж”,
Исто така, се обврзавме да обезбедиме стручни лица кои ќе подготват годишна програма за усовршување на Пејчиноски со цел да продолжи да се усовршува и да стане врвен пливач кој гордо ќе ја претставува Македонија.
Со ова АМС испраќа јасна порака до сите млади и надежни спортисти дека државата секогаш ќе биде тука и ќе застане позади нив, зошто секој успех претставува и успех за Македонија.
На крај, упатувам уште еднаш честитки за младиот Пејчиноски и му посакувам блескава кариера“, стои во објавата на Каевски на неговиот Фејбук профил.
По повод херојскиот подвиг на младиот Марко Пејчиновски кој успеа да го преплива Охридското езеро, денес поднесов…
Gepostet von Darko Kaevski am Donnerstag, 30. August 2018