
Кристоф Галтие, тренерот на ПСЖ го потврди трансферот на Ренато Санчез, но откри и дека сака уште три засилувања до крајот на преодниот рок.




Летово ПСЖ ги доведе Витиња, Уго Екитике и Норди Мукеле, сега пристигнува и Санчез.




Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
„Ренато Санчез ќе ни се придружи денес. Добивме шанса да ангажираме квалитетен фудбалер кој знае како е да се игра во Лига 1. Тој е играч кој има поразлични квалитети од оние кои ги имаме во соствот. Ќе му треба време да се вклопи, дојде подоцна во подготовките“.




Призна дека за него преодниот рок не е завршен.




„Кога би ме прашале уште колку засилувања сакам до крајот на преодниот рок ќе ви кажам уште три. Сакаме да имаме здрава конкуренција. Сепак, дали за кратко ќе ги добијам тие три засилувања или воопшто нема да ги добијам не знам да ви кажам“, изјави Галтие.