Дома Топ вести Потврдено: Јувентус – Интер се игра на 9 март!

Потврдено: Јувентус – Интер се игра на 9 март!

Италијанската фудбалска федерација донесе конечна одлука за тоа кога ќе се играат одложените натпревари во Серија „А“, а секако најголем е интересот за дербито помеѓу Јувентус и Интер.

Натпреварот требаше да се игра во неделата, најпрво беше одлучено да се игра без публика поради корона вирусот, а потоа и официјално беше одложен. Првично мечот беше преместе да се игра на 13-ти мај, но двата клуба настојуваа да се избере друг датум, па донесена е одлука да се игра на 9 март од 20:30 часот.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Синоќа се одржа средба меѓу клубовите и Италијанската федерација за да се најде решение за хаосот што се појави откако беа откажани низата неодамнешни дуели. На крајот, беше решено овој викенд да се изиграат одложените натпревари од 26-то коло: Сампдорија – Верона, Удинезе – Удинезе – Фиорентина, Милан – Џенова, Парма – СПАЛ, Сасуоло – Бреша и Јувентус – Интер.

Одложениот натпревар од 25. коло меѓу Аталанта и Сасуоло е закажан за 18 март во 18 часот, додека другите одложени натпревари од оваа рунда ќе бидат дополнително закажани.

 Исто така, стана јасно дека програмата во Серија „А“ се поместува една недела напред, а ќе има и меѓуколо во прериодот 12 и 14 мај за да се овозможи сезоната да заврши на 24 мај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ова не се гледа секој ден: Роналдо изведе традиционален саудиски танц (Видео)

Во возбудлив фудбалски меч кој ги држеше навивачите на раб на своите седишта до последниот…