Во Барселона претседателот Лапорта и останатите успеале да го убедат тренерот Чави да остане на клупата и следната сезозна.
По објавувањето на неколку натписи во каталонските медиуми, информацијата ја потврди и потпретседателот на Барселона Рафа Јусте.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Чави останува, тој е среќен и нема да си замине. Ние никогаш не започнавме преговори со друг тренер. Исто така и Деко има голема доверба во Чави“, изјави Јусте.
Ќе потсетиме, пред неколку месеци Чави изјави дека на крајот од сезоната ќе го напушти клубот, но од тој момент Барселона започна да игра нешто подобро и очигледно тоа било доволно да го промени размислувањето.