Oна што вчера се најавуваше во италијанската јавност денес доби и потврда. Стадионот во Наполи ќе го носи името на Диего Армандо Марадона, во тоа повеќе нема дилеми.
„Диего ни остави пример кој треба да го следиме, беше полн со љубов кон луѓето. Уникатен и неверојатен шампион“, изјави Де Лаурентис.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Информацијата за стадионот ја потврди градоначалникот на Неапол, Луиџи Де Магистрис.
„Колку време беше потребно за да донесам одлука? Неколку моменти. Стадионот ќе го носи името на најдобриот фудбалер во историјата. За 10 до 15 дена се ќе биде завршено“, изјави градоначалникот.