Претседателот на Наполи Аурелио Де Лаурентис потврди дека неговиот клуб е води преговори со Арсенал.
Наполи е во потрага по нов голман, Алекс Мерет заработи скршеница на раката на еден од тренинзите минатиот месец, само шест дена откако пристигна во клубот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Како што пренесе „Скај“ Наполи ја разгледува можноста за доведување на Симон Мињоле од Ливерпул, но изгледа дека прва желба е Давид Оспина од Арсенал.
Оспина е трет голман во Арсенал, после доаѓањето на Бернд Лено од Баерн Леверкузен. Исто така и Мињоле е трет голман во Ливерпул кој ова лето го доведе Алисон.
„Точно е дека Оспина може да дојде, преговараме, но и понатаму постојат некои несогласувања“, изјави Де Лаурентис за медиумите во Напол.