Дома Фудбал Италија Потврдено: Леонардо го напушта Милан!

Потврдено: Леонардо го напушта Милан!

Готово сите еминентни италијански медиуми потврдија дека Леонардо одлучил да го напушти Милан и утре ќе си поднесе оставка од вукцијата спортски директор на „росонерите“.

Бразилецот пристигна минтото лето кога клубот ги промени сопствениците и дојде во рацете на компанијата „Елиот“.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Леонардо е одговорен за трансферите на „Сан Сиро“, но медиумите тврдат дека дошло до несогласувања помеѓу него и генералниот директор Иван Газидис.

Имено, Леонардо сака целосна моќ на одлучување околу трансферите, а сега последниот збор сепак го има Газидис, кој раководи со финансиите.

Поради тоа Леонардо утре и официјално ќе си замине од Милан, а притоа има и понуда од бразилската Федерација да ја преземе улогата на координатор.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека главен кандидат да седне на неговото столче е актуелниот спортски директор на Лил, Луис Кампос.

Благодарение на работата на Кампос, Лил успеа да открие многу таленти и да создаде респектабилен тим кој оваа сезона заврши на второто место на табелата.

Кампос претходно работеше и во Монако и е најзаслужен за откривањето на Мбапе, Лемар, Бакајоко, Фабињо…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Арбелоа нема да остане тренер на Реал Мадрид, Перез подготвува големо изненадување!

Алваро Арбелоа со извесност ќе се раздели од функцијата тренер на Реал Мадрид на крајот на…