Агентот на ѕвездата на ПСЖ, Едисон Кавани потврди интересна информација.
Во автобиографијата која наскоро треба да излезе агентот на Едисон Кавани, Алексис Папсан призна дека своевремено добил повик од „Б“ тимот на Реал Мадрид кој го посакувал Кавани во својот тим.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Во една прилика кога излегов од авионот, ме повика тогашниот тренер на „Б“ тимот на Реал Мадрид, Мичел. Ме праша прво дали Кавани би се согласил да настапува за вториот тим на Реал Мадрид, за после шест месеци да стане дел и од првиот“, напиша Папсан.
Да потсетиме, подоцна Реал Мадрид сепак се одлучи за Гонзало Игуаин, а Кавани заврши во Наполи, подоцна и во ПСЖ.
Ургваецот игра одлично оваа сезона, а до сега на 13 натпревари постигна исто толку погодоци.