Дома Фудбал Италија Потврдено: Ибрахимовиќ стави потпис на нов договор

Потврдено: Ибрахимовиќ стави потпис на нов договор

Златан Ибрахимовиќ и покрај тешката операција одлучи да ја продолжи кариерата и денес стави потпис на нов договор со Милан.

41-годишниот напаѓач стави потпис на едногодишен договор со „росонерите“ тежок 1,5 милиони евра плус бонуси поврзани со личните достигнувања.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ибрахимовиќ веднаш по завршувањето на сезоната го оперираше коленото и ќе биде надвор од терените до јануари.

Меѓутоа, Милан му даде можност да ја продолжи кариерата бидејќи е исклучително важен дел од тимот, не само на теренот туку и во соблекувалната.

Ибра денес стави потпис на нов договор и ќе го пропушти првиот дел на сезоната, до ноември кога ќе почне Мундијалот,а  се очекува да се врати на терените во јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Натпревари од Ла Лига ќе се играат во САД?

Првиот човек на шпанската Примера најави дека веќе од наредната сезона натпревари од шпанс…