Златан Ибрахимовиќ и покрај тешката операција одлучи да ја продолжи кариерата и денес стави потпис на нов договор со Милан.
41-годишниот напаѓач стави потпис на едногодишен договор со „росонерите“ тежок 1,5 милиони евра плус бонуси поврзани со личните достигнувања.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ибрахимовиќ веднаш по завршувањето на сезоната го оперираше коленото и ќе биде надвор од терените до јануари.
Меѓутоа, Милан му даде можност да ја продолжи кариерата бидејќи е исклучително важен дел од тимот, не само на теренот туку и во соблекувалната.
Ибра денес стави потпис на нов договор и ќе го пропушти првиот дел на сезоната, до ноември кога ќе почне Мундијалот,а се очекува да се врати на терените во јануари.
🔴 @DiMarzio: Zlatan Ibrahimovic has signed his contract with AC Milan for another season pic.twitter.com/jdYgxm1GTs
— Milan Posts 🏆🇮🇹 (@MilanPosts) July 18, 2022