Извршниот директор на Атлетико Мадрид, Мишел Анхел Хил Марин изјави дека Жоао Феликс сака да го напушти клубот, со што ги потврди бројните медиумски пишувања во претходните неколку дена.
Хил Марин е во Дубаи каде во среда ќе се одржи Собранието на Примера, кое го бојкотираат Барселона и Реал Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во изјава за „АС“, извршниот директор на Атлетико потврди дека Феликс и тренерот Диего Симеоне повеќе не се во добри односи, поради што 23-годишниот португалски репрезентативец сака да го напушти клубот.
“Тој е најголемиот трансфер во историјата на клубот. Мислам дека може да игра на највисоко светско ниво, но од причини кои сега не треба да се споменат, неговиот однос со тренерот не е добар. Ниту, пак, неговата мотивација е добра“, изјави Хил Марин.
Во 2019 година, Феликс се пресели од Бенфика во Атлетико Мадрид за 126 милиони евра и стана најскапиот играч во историјата на клубот. И покрај тоа, тој не се снајде најдобро во клубот, постигнувајќи 24 првенствени голови на 94 натпревари.
Според медиумите, Атлетико бара 100 милиони евра за Феликс, по интересот кој го искажаа некои европски клубови.