Младиот Алжирец Исмаел Бенасер е прогласен за најдобари грач на овогодинешниот Афрички куп на Нации.
Бенасер има 21 година и наскоро треба да потпише за Милан откако одигра две сезони во Емполи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Спортскиот директор на Емполи го потврди трансферот, а Милан за потписот на Бенасер ќе плати 16 милиони евра.
„Милан добива големо засилување. Бенасер ќе биде обожуван на Сан Сиро, бидејќи е вистински војник на теренот. По борбеноста потсетува на Гатузо, но технички е фантастичен. Трансферот е веќе договорен“, потврдија од Емполи.
Бенасер ќе потпише 5-годишен договор со Милан според кој ќе заработува 1,6 милиони евра по сезона, а се очекува следната недела да пристигне на прегледи во Милано.