Иако вчера се појави информација дека постојат потешкотии во преговорите помеѓу Барселона и Гремио за трансфер на Артур, сепак двата клуба постигнаа договор.
Претседателот на Гремио, Ромилдо Болзан денес потврди дека е постигнат договор и дека трансферот на Артур е во завршна фаза.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„На добар пат сме да го завршиме трансферот. Документите се уште не се потпишани, но трансферот е во завршна фаза. Мислам дека се ќе биде готово за ден или два. Некои работи зависат од правните прашања, но верувам дека наскоро се ќе биде завршено“, изјави Болзан.
Артур ќе заигра за Барселона од почетокот на 2019 година, а висината на неговиот трансфер изнесува 40 милиони евра. Барселона ќе плати 30 милиони евра веднаш, а останатите 10 преку различни бонуси.
Станува збор за 21-годишен фудбалер за врска кој важи за еден од најголемите таленти во Јужна Америка.