Пред неколку месеци беше потврдено дека Јирген Клоп наредната сезона нема да биде тренер на Ливерпул, а денеска се потврдени уште две заминувања од „Енфилд“.
Наредната сезона членови на „црвените“ нема да бидат дефанзивецот Жоел Матип и играчот од средниот ред, Тијаго Алкантара.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Матип си заминува од Ливерпул по осум сезони поминати во црвениот дрес, претходно го носеше дресот на Шалке. Најавите се дека тој ќе се врати во Германија, иако има понуди и од САД и Саудиска Арабија.
Исто така заминува и Алкантара по четири сезона. Кариерата на Алкантара во Ливерпул ќе биде запаметена по големиот број повреди и во минатите години собра многу малку настапи.
Big Joel 😍 pic.twitter.com/ajRwuXhiwD
— Liverpool FC (@LFC) May 17, 2024
Thiago Alcantara's time with the Reds will come to an end this summer upon the expiration of his contract.
— Liverpool FC (@LFC) May 17, 2024
A truly special player. Thank you for everything, Thiago ❤️