Изгледа е готово – англискиот голман Џо Харт го напушта Манчестер Сити!
Како што пренесуваат англиските медиуми, предводени од реномираниот „Скај Спорт“, Џо Харт постигнал договор со тимот на Барнли.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Харт со Барнли се договорил за договор на две години според кој искусниот голман ќе заработува 3.5 милиони евра по сезона.
Своевремно Харт важеше за најдобрите голмани во светот, но со доаѓањето на Гвардиола во Манчестер Сити неговата кариера тргна во надолна линија, последната сезона ја помина во Вест Хем како позајмен фудбалер.
Кога во прашање е репрезентација го загуби местото, Герет Саудгејт не го повика за Мундијалот кој ова лето се одигра во Русија.
Sky Sources: Joe Hart is leaving Manchester City for Burnley in deal worth around £3.5m. Hart has agreed a 2 year deal with a year’s option after personal terms were finalised late last night
— Sky Sports News (@SkySportsNews) August 7, 2018