Дома Топ вести Постигнат договор: Сусо денес на прегледи во Севиља

Постигнат договор: Сусо денес на прегледи во Севиља

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан и Севиља постигнале договор за трансфер на Сусо и Шпанецот денес треба да пристигне на лекарски прегледи.

Сусо оваа сезона се вклупи во „сивилото“ на Милан и не игра во добра форма, па беше мета на критики од навивачите.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Со пристигнувањето на Ибрахимивиќ и промената на формацијата Сусо се пресели на клупата за резерви, па самиот побара да ја промени средината.

Најсилен интерес за Шпанецот покажува Севиља, а последните информации од Апенините се дека двата клуба постигнале договор.

Имено, Сусо ќе се пресели во Севиља на 18-месечна позајмица со задолжитечен откуп од 25 милиони евра, а денес ќе патува во Шпанија на лекарски прегледи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…