Дома Фудбал Постигнат договор: После „Ел Класико“ Каталонците добија одлични вести!

Постигнат договор: После „Ел Класико“ Каталонците добија одлични вести!

Во претходните неколку месеци во Барселона главна тема беше договорот на Жорди Алба кој имаше важност до летото 2020 година.

Барселона многу чудно се однесуваше во ситуацијата со еден од своите најважни фудбалери бидејќи одбиваа да отворат преговори околу новиот договор. Меѓутоа кога гласините дека Алба може да замине стануваа посилни на „Ноу Камп“ го сменија мислењето.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Алба неколку пати изјавуваше дека единствена желба му е да остане во Барселона. Во медиумите се пишуваше дека единствен проблем е што не прифаќал плата помала од Кутињо или Дембеле. Во клубот изгледа конечно попуштиле и денес е објавено дека Алба останува.

„Мундо Депортиво“ објави дека Барселона и Жорди Алба ги договориле условите за новиот договор и дека фудбалерот ќе стави потпис на договор до летото 2024 година. Откупната клазула во договорот на овој лев бек ќе биде огромни 500 милиони евра.

Само неколку минути подоцна откако се појави оваа вест се огласија и од Барселона и потврдија дека Алба во наредните денови и официјално ќе потпише нов договор.

Со ваквата објава се става крај на шпекулациите за негово заминување. Ќе потсетиме Алба претходно најмногу се поврзуваше со трансфер во Премиер лигата во редовите на Манчестер Јунајтед, меѓутоа сега е јасно дека такво нешто нема да се случи.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аморим: Многу ми е жал за луѓето кои мораа да си тргнат од стадионот додека губевме 2:4

Во исклучително драматичен натпревар Јунајтед го исфрли Лион и помина во полуфиналето на Л…