Дома Фудбал Италија Постигнат договор, наскоро важен потпис на Сан Сиро

Постигнат договор, наскоро важен потпис на Сан Сиро

Репрезентативецот на Данска Симон Кјаер е блиску до потпишување на нов договор со Милан, пренесува „Газета дело Спорт“.

32 годишниот дефанзивец игра одлично и е еден од најважните фудбалери во тимот, па Милан сака да го задржи.

Неговиот договор со „росонерите“ истекува на крајот на сезоната, но последните информации се дека ја прифатил понудата на Милан.

Имено, Кјаер наскоро ќе стави потпис на договор до 2023 година, со опција за продолжување на уште една година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Матео Ковачиќ го напушта Манчестер Сити: На повидок е името на новиот клуб!

Матео Ковачиќ не е во сериозните планови на новиот менаџер на Манчестер Сити, Енцо Мареска…