Според последните информации од Италија, Скот Мектоминеј од редовите на Манчестер Јунајтед ќе се пресели во Наполи.
Медиумите објавија дека двата клуба ги финализирале деталите и трансферот наскоро се очекува да биде комплетиран.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Цената која ќе ја плати Наполи за Мектоминеј би требало да изнесува 30 милиони евра. Во најбрз рок треба да бидат закажани и медицинските прегледи, по што трансферот би бил потврден.
Ќе потсетиме, блиску до преселба во Наполи е и Ромелу Лукаку.