Дома Топ вести Постигнат договор: Кунде се сели во Челзи

Постигнат договор: Кунде се сели во Челзи

Челзи и Севиља постигнаа договор за трансфер на дефанзивецот Жил Кунде, пренесуваат медиумите на Островот.

Двата клуба подолго време беа во преговори за 22-годишниот дефанзивец, па сега конечно постигнаа договор. Челзи за неговиот потпис ќе плати 50 милиони евра, а со бонуси трансферот може да достигне до 60 милиони.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Кунде пристигна во Севиља во 2019 година од Бордо за 25 милиони евра и се етаблираше во еден од најдобрите млади стопери во Европа.

За него интерес покажуваа многу европски гиганти, но Челзи ја победи конкуренцијата и се очекува утре да го комплетира трансферот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…