Дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали постигнал комплетен договор со раководството на клубот за продолжување на соработката, пренесуваат италијанските медиуми.
Некои медиуми дури тврдат дека Кулибали веќе ставил потпис на новиот договор, па се очекува само официјализација следните денови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кулибали со новиот договор ќе заработува 6 милиони евра по сезона, со што ќе биде најплатен играч на Наполи. Притоа, ќе стане и најплатен дефанзивец во Серија А и ќе заработува повеќе и од Бонучи во Јувентус.
Со новиот договор Наполи ќе стави крај на сите шпекулации околу иднината на Кулибали, кој беше трансфер цел на Манчестер Јунајтед и ПСЖ, кои беа спремни да платат и 100 милиони евра за неговиот потпис.
https://youtu.be/mBU49pNzWTg