Дома Фудбал Италија Постигнат договор, Квадрадо става потпис

Постигнат договор, Квадрадо става потпис

Колумбискиот репрезентативец, Хуан Квадрадо е многу блиску до продолжување на соработката со Јувентус, пренесуваат италијанските медиуми.

Актуелниот договор на Квадрадо завршува на крајот на сезоната, а раководството на „старата дама“ му понуди нов договор на 33-годишниот фудбалер од јуни 2023 година.

Тој е исклучително важен играч во тимот на Алегри, па раководството сака да го задржи.

Двете страни веќе постигнале договор, па се очекува Квадрадо во следните денови да стави потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Арсенал во предност за трансфер на младиот Нуса

Арсенал е во силна позиција за трансфер на Антонио Нуса, благодарение на учеството во Лига…