„Скај Италија“ пренесува дека Милан и Атлетико Мадрид постигнале договор за трансфер на напаѓачот Никола Калиниќ.
Со пристигнувањето на Игуаин во Милан, јасно беше дека за Калиниќ повеќе нема место во тимот, а најсиилен интерес за Хрватот покажа токму Атлетико.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Јорганџиите“ денес постигнаа договор со Валенсија за трансфер на Гамеиро, а прва желба на Симеоне беше токму Калиниќ.
Двата клуба постигнале договор за трансфер кој ќе изнесува 20 милиони евра. Калиниќ ќе се пресели во Мадрид на едногодишна позајмица од 2 милиони евра, а следното лето „јорганџиите“ се задолжени да го откупат договорот за додатни 18 милиони евра.
Калиниќ утре би требало да пристигне во Мадрид на лекарски прегледи, а потоа ќе стави потпис на 4-годишен договор со Атлетико Мадрид.
Kalinic’s transfer to Atletico Madrid is in the phase of conclusion. Positive contacts took part in these hours [Sky] pic.twitter.com/20wYSaNCS6
— Milan Eye (@MilanEye) August 6, 2018