Дома Фудбал Италија Постигнат договор: Ибрахимовиќ и следната сезона во Милан

Постигнат договор: Ибрахимовиќ и следната сезона во Милан

Златан Ибрахимовиќ постигнал договор за продолжување на соработката со Милан, ексклузивно пренесува „Кориере дела Сера“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


39-годишниот напаѓач ќе остане во Милан уште една сезона, а неговата плата останува иста, 7 милиони евра.

Договорот на Ибра со Милан завршува во јуни, но приоритет на клубот беше да го задржи и следната сезона, иако Ибра наскоро ќе наполни 40 години.

Ибрахимовиќ покажа дека е исклучително важен за Милан, а неодамна и самиот потврди дека е спремен да го продолжи договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Босна го совлада Катар и смело гледа кон нокаут фазата

Босна и Херцеговина го победи Катар со 3:1 во последниот натпревар од групната фаза на Мун…