Дома Фудбал Италија Постигнат договор: Ибрахимовиќ денес става потпис!

Постигнат договор: Ибрахимовиќ денес става потпис!

Милан и Златан Ибрахимовиќ кончено постигнаа договор за продолжување на соработката, тврдат италијанските медиуми.

„Росонерите“ сакаа да го задржат искусниот напаѓач уште една сезона на „Сан Сиро“, но не можеа да постигнат договор со неговиот агент.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Милан понуди 5 милиони евра плус 2 милиони во вид на бонуси, додека Ибра бараше годишна плата од 7 милиони евра фиксни.

„Скај Италија“ тврди дека „росонерите“ ја подобриле понудата на 6,5 милиони евра фиксни по сезона и двете страни конечно постигнале договор.

Ибра моментално се наоѓа во Шведска и се очекува денес или најдоцна утре да пристигне во Милано и да стави потпис на договорот, а потоа да им се придружи на соиграчите кои вчера ги започнаа подготовките за новата сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Готово: Де Роси се договори, се враќа во Серија А!

Фудбалскиот клуб Џенова ќе го назначи Даниеле Де Роси за нов тренер, пренесуваат денеска и…