ФС Шпанија и Ла Лига постигнаа договор за продолжување на сезоната во Шпанија.
Претседателите Луис Рубиалес и Хавиер Тебас пронајдоа заеднички јазик и фудбалот ќе се врати во јуни, а натпревари ќе се играат секој ден, а некои ќе се завршуваат и после полноќ.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Се уште се работи на вечерните термини, но извесно е дека првиот термин ќе биде во 20 часот, додека во најтоплите делови од Шпанија натпревари ќе започнуваат и од 23 часот.
За сезоната да се заврши во предвидениот период Рубиалес се согласи натпревари да има и во понеделник. Претходно поради интерес на навивачите се противеше на тој предлог, но сега кога се игра без публика прифати..
Клубовите ќе играат на секои 72 часа. Пример: Оние кои играат во понеделник ќе играат во четврток, па во недела. Со таков распоред сезоната ќе се заврши пред 29. јули па шпанските клубови ќе бидат подготвени за натпреварувањата на УЕФА.
Овој договор ќе биде официјализиран откако судијата Андре Санчез Магро ќе ја поништи пресудата донесена во август минатата година кога се забрани играње на натпревари во понеделник.