Иако Антоан Гризман веќе некое време се споменуваше како главна мета на Манчестер Јунајтед, се чини дека со пристигнувањето на Алексис Санчез на „Олд Трафорд“ падна интереснот на „Црвените ѓаволи“ за францускиот напаѓач.
Сепак, тој по се судејќи според шпанските медиуми, на лето ќе има нов клуб. Имено, сега веќе сериозно се шпекулира дека Гризман следното лето ќе го облече дресот на Барселона, а Атлетико Мадрид веќе, се жалел кај челниците на „Ла Лига“ за „нелегалниот контакт“ на Каталонците со нивниот фудбалер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што пренесува шпанската ТВ3, Барселона постигнала договор со Гризман, па Французинот прифатил да премине на „Камп Ноу“ следното лето.
Барселона ќе мора на „Јорганџиите“ да ја исплати откупната клаузула во вредност од 97 милиони евра, доколку сака на лето да го засили нападот во своите редови.
Инаку, Гризман тековната сезона ја почна доста лошо, по своите стандарди тој во првите 10 лигашки дуели постигна 2 погодоци. Сепак, тој драстично ја поправи својата форма од јануари, па на Атлетико му помогна да го оддржи приклучокот со Барселона, односно првопласираната екипа во Ла Лига.
Lionel Messi is unhappy with Barcelona's pursuit of Atlético Madrid forward Antoine Griezmann. (Source: Daily Express) pic.twitter.com/EXvRRcMlsa
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) February 28, 2018