Играчот за врска на Арсенал, Гранит Џака во јануари ќе се врати во Бундеслигата и кариерата ќе ја продолжи во Херта, потврдија германските медиуми.
Џака неодамна влезе во отворен конфликт со навивачите на Арсенал и му беше одземена капитенската лента, па стана јасно дека набрзо ќе ја промени средината.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Вчера негивиот агент потврди дека играчот веќе постигнал комплетен договор со берлинска Херта, а денес медиумите потврдија дека двата клуба постигнале согласност за трансферот.
Имено, Херта за потписот на Швајцарецот ќе плати 25 милиони евра, а трансферот официјално ќе се реализира на 1-ви јануари.
„Ние се договоривме со Херта и сакаме играчот да ја продолжи кариерата во Берлин“, изјави менаџерот на Џака.
Џака пристигна во Арсенал во 2016 година со трансфер од Борусија Менхенгладбах, каде играше четири сезони.