Дома Кошарка Саторански ги смири навивачите по страшниот пад: Се чувствувам многу подобро

Саторански ги смири навивачите по страшниот пад: Се чувствувам многу подобро

Саторански ги смири навивачите по страшниот пад: Се чувствувам многу подобро

Томаш Саторански се огласи со охрабрувачки вести по драматичните сцени на натпреварот меѓу Хапоел Тел Авив и Дубаи. Искусниот чешки кошаркар порача дека се чувствува многу подобро, откако по падот на грб мораше да го напушти теренот на носилки.

Плејмејкерот призна дека доживеал застрашувачки момент, но изрази надеж дека наскоро повторно ќе може да игра. Особено им се заблагодари на кошаркарите и стручниот штаб на Дубаи за брзата помош, како и на соиграчите и сите во Хапоел за поддршката и грижата.

Инцидентот се случи во третата четвртина во „Кока-Кола арена“, во петочниот натпревар од деветтото коло во Евролигата. При борба за скок, 35-годишниот Чех имаше судир во воздух со Двејн Бејкон и Филип Петрушев од Дубаи, како и со својот соиграч Бруно Кабокло, по што незгодно падна на паркетот.

Лекарските екипи на двата клуба веднаш влегоа на теренот. Иако првично имаше знаци на вкочанетост, Саторански цело време беше свесен. По прегледот од локалниот медицински тим, тренерот на Хапоел, Димитрис Итудис, потврди дека неговиот играч е буден и реагира на надразби.

Саторански во првите девет настапи сезонава бележи просечно 4,8 поени, 3,9 асистенции и 3,7 скока. Хапоел има шест победи и три порази и го дели третото место, со една победа помалку од водечките екипи.

Чешкиот репрезентативец се врати во европската кошарка во 2022 година, по 404 одиграни натпревари во НБА.

Фото: Eurohoops

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

ПАОК го сака Дорси, Олимпијакос бара пет милиони евра?

Според италијанска „Република“, Тајлер Дорси е блиску до тригодишен договор со ПАОК, додек…