Новиот член на италијанската Серија А, тимот на Комо сериозно се засилува во пресрет на новата сезона.
Тренерот Цеск Фабрегас има намера да доведе неколку големи имиња, а според последните информации во Комо пристигнува Рафаел Варан.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Французинот замина од Манчестер Јунајтед ова лето и е слободен агент, па веќе постигнал комплетен договор со клубот од Серија А.
Варан се согласил да дојде во Комо и поради понудата од италијанскиот тим одбил богати понуди од Саудиска Арабија.
Варан има 31 година и се уштe игра на врвно ниво, па ќе биде големо засилување за тимот на Фабрегас.