Дома Трансфер зона Постигнат договор: Бакајоко се враќа во Милан

Постигнат договор: Бакајоко се враќа во Милан

Италијанските медиуми пренесуваат дека Челзи и Милан постигнале начен договор за трансфер на Тиму Бакајоко.

Бакајоко минатата сезона играше на „Сан Сиро“ како позајмен фудбалер од Челзи и беше еден од најдобрите во таборот на „росонерите“.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Меѓутоа Милан не ја искористи опцијата да го откупи за 35 милиони евра и Французинот се врати во Челзи. Сепак, за него немаше место во тимот на Лампард и повторно беше испратен на позајмица, овој пат во Монако.

Бакајоко сака да се врати во Милан и веќе има договор со „росонерите“, па двата клуба започнаа преговори за трансфер.

Последните информации од Апенините се дека е постигнат договор и Бакајоко ќе се пресели на „Сан Сиро“ на едногодишна позајмица за 3 милиони евра со задолжителен откуп следното лето за 20 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…