Италијанските медиуми денес лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Карло Анчелоти се враќа во Серија А и дека веќе постигнал договор со Наполи.
Анчелоти ја одби понудата од италијанската репрезентација бидејќи негова желба е да предводи клуб, а „CalcioNapoli24“ ексклузивно пренесува дека постигнал договор со Наполи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Имено, „Карлето“ имал средба со претседателот Де Лаурентис на која биле договорени сите детали од соработката, а потписот на договорот ќе биде ставен следната недела.
Клубот следната недела би требало да се раздели со Маурицио Сари, а медиумот пренесува дека Анчелоти на 21-ви мај ќе потпише двегодишен договор со Наполи.
Ова за Анчелоти ќе биде враќање во Италија од каде замина во 2009 година, кога го предводеше Милан.
Мисијата на Наполи и Анчелоти е јасна, да се стави крај на доминацијата на Јувентус.