Дома Фудбал Италија После 25 години Интер прави голема промена на дресот

После 25 години Интер прави голема промена на дресот

Италијанската „Газета дело Спорт“ пренесува дека Интер после 25 години ќе бара нов спонзор на дресот.

Уште од сезоната 1994/1995 на предната страна на дресот на црно-сините стои брендот „Пирели“, познатиот производител на гуми за автомобили.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Со оглед на работните врски на сопствениците изгледа Интер бара нов спонзор во Азија. Евергранде, Хисенсе и Самсунг засега се најголеми фаворити во трката. Се очекува од новиот спонзор Интер да добие сума од 30-35 милиони евра.

Како и бројни други клубови и Интер е погоден од кризата сред пандемијата и на секој начин „нероаѕурите“ се обидуваат да дојдат до нови приходи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

За ова зборуваа Гвардиола и Клоп: Уште еден тренер реагираше на проблемот кој се почесто е главна тема!

Тренерот на Борусија Дортмунд, Нури Сахин, се придружи на низата тренери и играчи кои иста…