Дома Фудбал Италија После 20 години Интер „раскинува“ со Најк!

После 20 години Интер „раскинува“ со Најк!

Италијанскиот гигант Интер повеќе од 20 години има успешна соработка со американската компанија за спортска облека „Најк“, но медиумите најавуваат дека соработката наскоро ќе биде раскината.

Интер по сезона заработува околу 10 милиони евра од „Најк“, но „нероаѕурите“ бараа таа сума во иднина да биде поголема.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Најк“, наводно, не се согласил на ваквите барања на Интер, поради што клубот од „Џузепе Меаца“ ќе преговара со други компании. Според Калчомеркато, Интер е многу близу до постигнување договор со „Адидас“.

Главната цел на Интер е да заработи барем приближно колку Јувентус, бидејќи „старата дама“ после доаѓањето на Роналдо годишно од „Адидас“ добива неверојатни 51 милион евра.

„Адидас“ сигурно не е спремен да му понуди „нероаѕурите“ ни приближно толкава сума, но од Интер би биле задоволни со 20 милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Анчелоти плачел и го молел Касемиро да не заминува од Реал Мадрид

Бразилецот Касемиро заедно со Лука Модриќ и Тони Крос десет години царуваа на средината од…