Дома Фудбал Останато После свирежите и флашата пиво се огласи Ди Марија: Не заслужив таков пречек, мене ме избрка еден човек

После свирежите и флашата пиво се огласи Ди Марија: Не заслужив таков пречек, мене ме избрка еден човек

di maria

Анхел Ди Марија вчера беше една од најомразените личности на „Олд Трафорд“, но веројатно никој не очекуваше дека навивачите на Манчестер Јунајтед ќе го дочекаат на така суров начин.

Аргентинскиот фудбалер одигра една сезона Јунајтед, но после несогласувањата со тогашниот тренер, Луис Ван Гал го напушти клубот и потпиша за Пари Сен Жермен. Ди Марија пред овој натпревар изјави дека очекува свирежи. Сепак сигурно не очекуваше таков пречек.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Навивачите на Манчестер Јунајтед му свиреа од првата до последната минута, а често пати од трибините се дофрлуваа и пцовки. Но, секоја граница беше надмината кога Ди Марија сакаше да изведе корнер, а еден од навивачите кон него фрли стаклена флаша пиво.

Ди Марија во тој момент се пошегува и ја зема флашата па гестикулираше како да пие, а потоа и само дофрли неколку пцовки до навивачите на поранешниот клуб. Откако се малку се смири, Ди Марија за француските медиуми се обиде да се објасни што се случувало на теренот на „Олд Трафорд“.

„Беше тешко од првата минута, но знаев дека ова ќе се случи. Сепак, јас никогаш не зборував лошо за Манчестер Јунајтед или било кој во клубот освен за Ван Гал кој ме избрка. Само со него имав проблем и мислам дека не заслужив вака да бидам пречекан“, изјави Ди Марија.

Денес во медиумите се појавија и најави дека Аргентинецот поради се што направи би можел да добие казна од УЕФА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…