Дома Македонски спорт После прес-конференцијата на АМС од ФФМ се огласија со соопштение

После прес-конференцијата на АМС од ФФМ се огласија со соопштение

ffm

Овие денови владее тензична атмосфера помеѓу Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и Агенцијата за млади и спорт (АМС).

Денес беше одржа вонредна прес-конференција на која претседателот Дарко Каевски побара промена во статусот посебно во делот кога е здружувањето на клубовите во прашање.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Каевски најави дека ќе види што ќе се случи на утрешното собрание на ФФМ, но потенцираше и дека не е исклучена можноста на ФФМ да и се одземе решението за дејноста спорт.

„Ќе видиме што ќе се случи на утрешното собрание, но постои можност дури и за одземање на решението за дејноста спорт“, порача помеѓу другото Каевски.

Собранието на ФФМ ќе се одржи утре во Охрид, а денес од федерацијата се огласија со соопштение.

Во продолжение во го пренесуваме во целост соопштението од ФФМ.

„Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) се чувствува повикана да реагира по повод одржаната прес – конференција во Агенцијата за млади и спорт (АМС) од страна на директорот на управниот орган за млади и спорт, г-динот Дарко Каевски.

Фудбалската федерација на Македонија ги почитува и поздравува напорите, сугестиите, па дури и одредени предлози од страна на Агенцијата за млади и спорт во однос на евентуалната потреба за измени и дополнувања на Статутот на Фудбалската федерација на Македонија, а во насока на усогласување на Статутот на ФФМ со Законот за спорт.

Напоменуваме дека решението со кое се утврдени недостатоци, односно неусогласеност на Статутот на ФФМ со Законот за спорт не е конечно поради што до конечност на таквото решение не може да се пристапи кон спроведување на решението.

Без да ја претпоставуваме, односно да ја прејудицираме одлука на второстепената комисија која одлучува по поднесената жалба од страна на ФФМ против ваквото решение, ја известуваме јавноста дека во зависност од исходот на таа постапка ќе постапуваме во согласнот со одлуката која ќе биде конечна.

Доколку се потврдат наодите на првостепеното решение, како Фудбалска федерација на Македонија ве уверуваме дека веднаш ќе побараме формирање на комисија со претставници од УЕФА, ФИФА и Агенцијата за млади и спорт која ќе има обврска да направи потребни измени и дополнувања на Статутот на ФФМ за истиот да биде целосно во согласност со евентуално таквата конечна одлука на второстепената комисија.

Во однос на регуларноста на утрешното Редовно Генерално Собрание на ФФМ истакнуваме дека во целост е организирано во согласност со одредбите на Статутот на ФФМ. Изборот на претседател на Фудбалската федерација на Македонија е исто така во согласност со Статутот на ФФМ. Во текот на утрешниот ден, делегатите на Собранието на ФФМ кои ќе одлучуваат за идниот претседател на ФФМ се избрани во согласност со Статутот на ФФМ. Токму овие делегати се луѓето кои во идина, доколку има потреба ќе одлучуваат за евентуалните статутарни промени.

Барањето за измена на Статутот на утрешното Собрание во овој момент, на ден пред одржување на Собрание формално – правно е невозможно.

Конечно, како што детално е објаснето и во жалбата на решението, постоечкиот Статут на ФФМ е УСОГЛАСЕН со одредбите на Статутите на УЕФА и ФИФА, како и со одредбите на Законот за спорт и сите останати позитивни прописи во државата.

Напоменуваме дека начинот на претставување на фудбалските клубови и други фудбалски чинители потекнуваат од самото основање на Фудбалски сојуз на Македонија. Поради комплексната структура на фудбалската организација, клубовите се претставени преку Општинските фудбалски Сојузи кои се посебни правни лица. Општинските фудбалски Сојузи како такви имаат утврдени надлежности во фубалската организација.

На крајот, ја поздравуваме ангажираноста на директорот на Агенцијата за млади и спорт и сметаме дека целта која ја имаме е заедничка. Фудбалската федерација на Македонија како управувачко фудбалско тело во државата ќе продолжи да постапува во согласност со одредбите на Статутите на УЕФА, ФИФА, Законот за спорт и останатите позитивни законски прописи во државата“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Литванскиот селектор пред натпреварот вечерва: Дознавме како игра Македонија!

Вечерва во Скопје, Римас Куртинаитис ќе дебитира на селекторската позиција во литванската …