Дома Фудбал Англија После големата победа пристигна доказ дека Солскјер останува во Јунајтед! (ФОТО)

После големата победа пристигна доказ дека Солскјер останува во Јунајтед! (ФОТО)

Манчестер Јунајтед вчера запиша епски триумф против Пари Сен Жермен и иако изгубија во првиот натпревар со 0:2, со вчерашната победа од 1:3 успеаа да се изборат за четвртфинале.

Солскјер на клупата на Манчестер Јунајтед буквално прави чуда од кога дојде на местото на Жозе Мурињо и тешко дека и најголемите фанови на Јунајтед очекуваа да има ваков старт на клупата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Норвежанецот на клупата на Манчестер Јунајтед пристигна на позајмица до крајот на сезоната од Молде. Норвежанецот се уште нема потпишано траен договор, но после ваквата форма на тимот никој не очекува ништо друго освен наскоро Солскјер да добие договор.

Сега стигна и доказ дека се работи на договорот на Солскјер.

Имено, на официјалната страна на Молде можеше да се најде договорот кој го имаше Солскјер со овој клуб, но после вчерашниот триумф на Јунајтед над ПСЖ истиот го нема.

Солскјер имаше тригодишен договор со Молде, а сега статијата за неговиот договор со клубот не може да се пронајде затоа што е отстранета.

Ќе потсетиме самиот Солскјер неодамна потврди дека снимил видео реклама за продажбата на влезниците за следната сезона, нешто што исто така наведува дека ќе го гледаме на клупата на Јунајтед и наредната сезона.

Како и да е сега сите знаат – договорот на Солскјер е прашање на време!

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…