Јувентус сезоната ја заврши со пласман во Лигата на шампионите и со освоени Куп на Италија и Суперкуп, додека Кристиано Роналдо со 29 голови беше најдобар стрелец во Серија А.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Старата дама“ во елитното европско натпреварување заврши откако ја победи Болоња со 4:1, а Верона успеа да освои бод против Наполи (1:1).
Во клучниот натпревар на Јувентус Роналдо беше на клупата за резерви и тоа беше изненадување.
„Заедно донесовме одлука да не игра. Беше уморен после напорот во финалето од купот и одлучив да игра некој друг како што е Мората (постигна два гола)“, изјави Пирло после натпреварот.
Останувањето на Роналдо на клупата предизивика големо внимание па така посебна камера ги следеше неговите реакции и од она што може да се забележи Португалецот немаше апсолутно никаков проблем. На крајот и го славеше пласманот со соиграчите.
Дека нема проблем со Пирло докажува и неговата објава на социјалните мрежи по натпреварот.