Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Португалија на СП без ѕвездите на Интер и Барса – ова е конечниот список!

Португалија на СП без ѕвездите на Интер и Барса – ова е конечниот список!

Селекторот на португалската репрезентација, Фернандо Сантош денес го скрати списокот и ги соопшти имињата на 23-та фудбалери кои ќе патуваат на Мундијалот.

Репрезентацијата ќе ја предводи првата ѕвезда Кристиано Роналдо, но изненадување е што во тимот ги нема играчите на Барселона, Нелсон Семедо и Андре Гомеш.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Исто така изненадување е што Сантош го изостави и десниот бек на Интер, Жоао Кансело кој имаше фантастична сезона. Очекувано на списокот ги нема Ренато Санчез и Нани кои имаа лоши сезони.

Голмани: Антони Лопез (Лион), Бето (Гезтепе), Руи Патрисио (Спортинг)

Одбрана: Бруно Алвеш (Ренџерс), Сердик (Саутемптон), Хосе Фонте (Далиан), Марио Руи (Наполи), Пепе (Бешикташ), Рафаел Гериро (Дортмунд), Рикардо Переира (Порто), Рубен Диаз (Бенфика)

Среден ред: Адриен Силва (Лестер), Бруно Фернандес (Спортинг), Жоао Марио (Вест Хем), Жоао Мутињо (Монако), Мануел Фернандез (Локомотив), Вилијам Карваљо (Спортинг)

Напад: Андре Силва (Милан), Бернандо Силва (Манчестер Сити), Кристијано Роналдо (Реал Мадрид), Желсон Мартинс (Спортинг), Гонсало Гуедес (Валенсија), Рикардо Кварезма (Бешикташ)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Бурни реакција во Србија: Италијанската полиција малтретирала српски новинари среде ноќ без потреба?!

Изминатата ноќ навивачите на Црвена Звезда искажаа поддршка на фудбалерите во Милано, но п…