Дома Трансфер зона Порто има нов „бисер“: 17 годишник ја потпиша најголемата клазула во историјата на португалскиот фудбал!

Порто има нов „бисер“: 17 годишник ја потпиша најголемата клазула во историјата на португалскиот фудбал!

Фабио Силва потпиша нов договор со Порто и сега ја има најголемата откупна клазула во историјата на португалскиот фудбал.

Веста дека талентираниот 17 годишник ја продолжи соработката со Порто ја соопшти претседателот на клубот Пинто да Коста во текот на свечената манифестација на која Силва ја доби наградата за „откритие на годината“.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Откритието на годината Фабио Силва е момче кое на 16 години ја освои европската титулата. Веќе се прослави во Порто, со 17 години стана најмладиот стрелец за нашиот клуб во официјалните натпревари. Не беше прв кој постигнал погодок со 17 години, беше петти, но најмлад…Иако е млад чуствува дека припаѓа на Порто и пред да ја прими наградата инсистираше на нов договор“, изјави Пинто да Коста.

Португалски „Рекорд“ тврди дека младиот Силва потпишал договор со откупна клазула од 125 милиони евра. Таа клазула е најголема во историјата на португалскиот фудбал.

Очигледно Порто има големи планови со младиот фудбалер кој оваа сезона веќе запиша 10 настапи за првиот тим и постигна два гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Слот пронајде наследник на Салах во Серија А: Ливерпул плаќа 85 милиони евра?

Како што стојат работите Ливерпул направи одличен потег со доведувањето на Арне Слот на кл…