Дома Фудбал Англија Поранешниот фудбалер на Јунајтед го нападна Ловрен: Тоа што го направи е глупаво и безобразно

Поранешниот фудбалер на Јунајтед го нападна Ловрен: Тоа што го направи е глупаво и безобразно

Хрватскиот репрезентативец кој настапува за Ливерпул повторно е мета критиките.

Ловрен направи пенал во градското дерби помеѓу Ливерпул и Евертон и така им подари бод на градските ривали на „Енфилд“. Хрватот во 76 минута непотребно од зад грб стартуваше над Доминик Клајверт-Левин, а судијата Крег Повсон покажа на белата точка.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед и Тотенхм, Гарат Крокс за ББС го избираше тимот на колото во Премиер лигата.

Место во тимот на Крокс доби и напаѓачот Мохамед Салах кој игра во фантастична форма, но 59 годишниот Крокс наместо да ја коментира играта на Египќанецот, го критикуваше Ловрен.

„Последната работа која некој дефанзивец би требало да ја направи е да му дозволи на напаѓачот да падне во казнетиот простор. Меѓутоа она што ме изненадува е рекацијата на Дејан Ловрен кој се жалеше кај судијата, тој однесување е глупаво и безобрано“, изјави Крокс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Слушнете што му кажа Несторовски на Жута – коментаторот не сакаше да цитира! (Видео)

Maкедонските фудбалери Илија Несторовски и Леонард Жута вчера имаа пресметка во Хрватска к…