Драган Силјаноски, поранешниот македонски репрезентативец официјално е назначен за директор на репрезентацијата на Македонија до 21 година.
Во својата долгогодишна кариера настапуваше за повеќе македонски фудбалски клубови (Напредок, Победа, Слога Југомагнат и Шкендија), а како интернационалец кариерата ја мина во белгиски Антверпен, каде што остана да работи и по завршувањето на играчката кариера. По долгогодишната фудбалска работа во Белгија, Силјаноски сега ќе биде директор на младата селекција која веќе на 21. март ја очекува нов квалификациски меч во циклусот за ЕП против селекцијата на Гибралтар.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Навистина сум возбуден и почестен што се приклучувам на Фудбалската федерација на Македонија како нов спортски директор на репрезентацијата до 21 година.
Оваа селекција, според мене, ја има клучната улога во обликувањето на иднината на нашиот репрезентативен фудбал. Тоа го потврдува блиското минато и се разбира сегашноста, ако го гледаме составот на најдобрата македонска репрезентација.
И како фудбалер, но и како човек од фудбалот, секогаш сум бил посветен на зајакнување на односите меѓу сите во тимот, се со цел да се искористи потенцијалот за да се направи добар резултат. Се надевам дека со моето искуство ќе донесам некоја нова динамична енергија и во репрезентацијата до 21 година.
Тесно ќе соработуваме со нашиот тренерски потенцијал, административниот тим и клучните луѓе во федерацијата за да се осигура дека фудбалерите ќе ја добијат поддршката и се што им е потребно за да напредуваат на теренот и надвор од него“, изјави Силјановски.