Дома Фудбал Останато Поранешен фудбалер на Јувентус уапсен откако ја претепал поранешната девојка

Поранешен фудбалер на Јувентус уапсен откако ја претепал поранешната девојка

Moхамед Ихатерен беше голема надеж на холандскиот фудбал, но никогаш не успеа да ги оправда големите очекувања.

Кога во 2021 година премина од ПСВ во Јувентус за 1.9 милиони евра се очекуваше Јувентус на долги стази да го реши проблемот со „десетката“. Но, место тоа тој направи низа проблеми во Торино и воопшто не покажа ниту дел од својот талент.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Сега тој е уапсен откако во неделата на својот роденден наводно ја нападнал поранешната девојка. Во овој момент е во притвор и ова е само уште еден во низата инциденти кои ги приреди.

Во октомври 2021 година прво исчезна и не одговараше на повиците, па на крајот сега починатиот Мино Раиола ги решаваше неговите проблеми.

„Не станува збор за ништо лошо. Ако му треба моја помош секогаш ќе бидам тука за него. Проблем е што од поодамна не сум се слушнал, во нашиот последен разговор ми зборуваше дека би можел да ја прекине кариерата“, изјави тогаш Раиола.

Следното што се знае за него е дека му е запленет автомобил вреден 180.000 евра и наводно тоа се случило поради врската со тик-ток ѕвездата Јасмин. Двајцата дури и се венчаа, а автомобилот „Порше Панамера“ беше запленет два дена подоцна.

Поради сето ова се соочува и со закану, некои од нив беа дури и смртни и се очекува неговата позајмица во Ајакс наскоро да заврши.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Фарски Острови беше пред триумф, но Ерменија израмни во финишот и остана во игра за првото место во групата

Фарски Острови двапати водеа против Ерменија, која изедначуваше во самиот финиш од двете п…