Дома Фудбал Репрезентации Поранешен израелски репрезентативец настапи за Палестина: Се срамам што ми беше капитен

Поранешен израелски репрезентативец настапи за Палестина: Се срамам што ми беше капитен

Фудбалерот Ата Џабер некогаш беше младински репрезентативец на Израел, но вчера настапи за Палестина во ремито без голови против Либан во квалификациски натпревар.

Џабер има израелско државјанство и во минатото беше и капитен на репрезентацијата на Израел до 21 година. Сега со својот настап во сениорската репрезентација на Палестина предизвика бурни реакции.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Преку социјалните мрежи доби голем број смртни закани, а се бара и да му се одземе израелското државјанство. Исто така јавно беше критикуван и од неговиот поранешен соиграч во младата репрезентација Јонатан Коен.

„Се срамам што ми беше капитен во репрезентацијата до 21 година. Делевме иста соблеквалната повеќе од една година и добро се согласувавме, а сега дознавам дека би бил среќен ако јас и моите колеги умреме“, изјави напаѓачот на Макаби Тел Авив.

Џабер се одлучил да настапи за сениорската репрезентација на Палестина откако во Израел по поминувањето на младинските селекции не добил повик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

УЕФА ја казни Хрватска

УЕФА го казни Фудбалскиот сојуз на Хрватска за случувањата на натпреварот против Шкотска н…