Дома Трансфер зона Поранешен играч на Рома: Клубот работи напорно, на 7. јули може да се потврди трансферот на Роналдо!

Поранешен играч на Рома: Клубот работи напорно, на 7. јули може да се потврди трансферот на Роналдо!

Многу често во претходниот период името на Кристијано Роналдо се поврзува со неколку клубови, а еден од нив е и италијанската Рома.

За многумина не изгледа реално Роналдо да ја избере Рома, но главен адут на „волчицата“ е Жозе Мурињо. Сега на оваа тема се огласи и поранешниот фудбалер на Рома Анџело Ди Ливио.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Неколку извори од Рома ми потврдија дека клубот се обидува да го договори Роналдо. Она што јас го знам е дека Рома работи напорно, моите информации говорат дека на 7. јули може да добиеме официјална потврда за трансферот“.

„Пред неколку дена разговарав и со мој пријател кој работи во телевизија и тој имал негови информации за преговорите со Роналдо“, изјави Ди Ливио.

Ситуацијата со Рома и Роналдо иако изгледа малку веројатна, но и уште еден поранешн играч на Рома, Фабио Пертуци најави дека постои таква можност.

„Од сигурни извори знам дека Рома се обидува да го доведе Роналдо, се испитуваат уште некои детали, а посебно имиџ правата“, гласеше изјавата Петруци од пред неколку дена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Проблем за Јувентус: Бремер има откупна клазула, Јунајтед е спремен да ја плати

Манчестер Јунајтед е подготвен да ја плати откупната клаузула за дефанзивецот на Јувентус,…