Дома Фудбал Италија Порака за Осимен од навивачите на Наполи

Порака за Осимен од навивачите на Наполи

Нигериецот, Виктор Осимен се најде во центарот на вниманието по последните случувања во Наполи, но и покрај тоа беше во стартниот тим вчера против Удинезе.

Осимен се запиша и во листата на стрелци, но голот го прослави прилично „ладно“ и не како што сме навикнале претходно од него.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Од трибините навивачите испратија и порака до напаѓачот:

„Надвор од секое поединечно однесување, почитувањето на дресот останува прва заповед“, гласеше транспарентот од трибините.

Ќе потсетиме, Осимен се налути поради видеото во кое се исмјеува за промашениот пенал против Болоња, а беше објавено на социјалните мрежи на Наполи. Напаѓачот ги избриша и сите силики во дресот на клубот од Неапол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Реал Мадрид ќе го обнови договорот на Браим Дијаз

Реал Мадрид постигна договор за продолжување на договорот со офанзивниот играч за врска Бр…