Дома Фудбал Останато Порака до сите дефанзивци: Гери Невил објасни како можете да го запрете Роналдо

Порака до сите дефанзивци: Гери Невил објасни како можете да го запрете Роналдо

Многумина можеби сметаат дека тоа е невозможно, но поранешниот англиски репрезентативец Гери Невил смета дека знае формула со која може да се запре Кристиано Роналдо.

Невил со Роналдо во Манчестер Јунајтед играше дури шест години, а освен тоа се сретнаа и на Светското првенство во 2006 година во Германија. Сега, Невил смета дека имал сосема доволно време да го проучи неговиот поранешен соиграч.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Играјќи со Роналдо шест години во Манчестер и играјќи против него на Светското првенство, разбрав дека доколку сте способен дефанзивец, тогаш постојат моменти во текот на 90 минути кога можете да го запрете. Секако, пред се морате да биде фокусирани“, започна Невил.

„Секогаш знаев дека вистинската формула да се запре Роналдо е да не му дозволите ситуација еден на еден против вас. Од големо значење е и да не му дозволите да ја прими топката во добра позиција. Секогаш мората да дојдете пред него, да му направите притисок и да не дозволите да добие забрзување при приемот на топката. Еднаш кога ќе добие забрзување, а вие сте пред него и морате да се враќате во шесанесетникот, тогаш сте во голем проблем. Клучната работа кај вакви играчи кои можат подеднакво добро да играат и со десната и со левата нога е што може да ве тераат на лева и десна страна“.

 

„Невозможно е да запрете ваков играч ако против него играте еден на еден цел натпревари. Дефинитивно морате да имате помош од своите соиграчи. Играчите од светска класа секогаш знаат да пронајдат слабост кај дефанзивците“, заврши Невил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Гвардиола ќе ангажира неколку ѕвезди во Манчестер сити, а најскапата вреди 190 милиони евра!?

Манчестер Сити оваа сезона игра многу скромно и веројатно е дека Пеп Гвардиола би можел да…