Јувентус запиша пораз во натпреварот против Тотенхем кој беше последна подготовка пред италијанскиот Суперкуп во кој играат против Лацио.
После овој пораз Масимилијано е спремен да тргне по засилувањата за критичните позиции во тимот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Алегри им замери на играчите бидејќи примаат голови на ист начин, но можеше да се забележи дека тимот е уморен, како што кажа Киелини причина за заморот биле долгите патувања. Суперкупот против Лацио се игра наредната недела, а Алегри сеуште го нема формирано конечниот тим.
Планот не е тајна, проджба на Лемина за 18 милиони евра во Саутемптон, а можеби и Квардадо за 30 на Рома, па доведување на тројца или четворци фудбалери.
Кансело од Валенсија практично е завршена работа, тоа ќе овозможи продажба на Лихштајнер. „Бјанконерите“ бараат и играч од средината, се очекува тој да биде еден од Матуди и Рабиот.
Кога во прашање е нападот, Кеита од Лацио го одби Интер, тој сака само во Јувентус, па изгледа Лацио нема да има избор и ќе мора да го продаде.
Останува отворено и прашањето за централен дефанзивец. Алегри сметаше дека Бенатија, Брзаљи, Киелни и Ругани се доволно, одбраната во подготвителните натпревари покажа големи слабости, многумина сметаат дека веќе се чуствува отсуството на Леонардо Бонучи.