Дома Македонски спорт Поради теренот во Скопје, Македонија утре без Димитриевски

Поради теренот во Скопје, Македонија утре без Димитриевски

Maкедонија утре против Малта ќе биде без повредениот Столе Димитриевски.

Димитриевски отпатува со репрезентацијата во Малта, но по денешните прегледи се покажало дека утре нема да може да помогне.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Нашиот прв чувар на мрежата повредата ја заработи во првото полувреме кога падна на работ од шеснаесетникот и неговото колено зафати една дупките на теренот. Лекарската интервенција траеше неколку минути, Димитриевски го продолжи натпреварот, но сепак утре на голот ќе биде 28-годишниот Дамјан Шишковски.

МОМЕНТОТ КОГА СЕ ПОВРЕДИ ДИМИТРИЕВСКИ

Аријан Адеми кој по комплетирањето на трансферот во Динамо Загреб се приклучи на селекцијата исто така е неизвесен поради повреда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…